Сахара доаѓа и кај нас: Силни ветрови во наредните денови донесуваат песок

Сахара доаѓа и кај нас: Силни ветрови во наредните денови донесуваат песок

Големи количини на песок со јужни ветрови од Сахара преку Медитеранот ќе стигнат до западна и централна Европа во следните неколку дена.

На мапата објавена на порталот severe-weather.eu, песок и прашина од Сахара ќе пристигнат во нашиот регион по 8-ми јануари, а овој феномен ќе продолжи и во наредните денови.

Голема количина прашина од Сахара прво ќе помине низ Италија, првенствено преку Корзика, по што следуваат Швајцарија, делови од Франција, Белгија, Холандија и Луксембург, па се до Велика Британија.

Струите од Северна Африка секоја пролет доведуваат од Сахара песок во нашите региони, само што неговата концентрација е понекогаш поголема, а понекогаш и помала.

Африканскиот песок паѓа најмалку два или три пати годишно, најчесто на пролет.

Да се потсетиме, пред 2 години регионот беше погоден од силен циклон, познат како “медитерански Ураган”, во кој имаше големи количини на песок од Сахара, донесе многу топол воздух, и “црвен” дожд или снег, кои содржат честички од песок од оваа пустина.

Црвениот или крвавиот дожд е метеоролошки феномен кој содржи црвени честички прав. Тие обично доаѓаат од пустини или слични средини, а жешкиот ветер ги носи низ атмосферата стотици или илјадници милји пред да падне правот до земјата.

Овие честички паѓаат заедно со дождот, давајќи му црвеникава или жолтеникава боја.

Треба да знаете
Последни објави