Земјотрес во Охрид
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Охрид.
Потресот е регистриран во 12 часот и 40 минути, а според Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, потекнува од охридското епицентрално подрачје.
Епицентарот на земјотресот бил на само неколку километри од Охрид, во околината на селото Лескоец.