Исчезнала 15-годишна девојка
Петнаесетгодишна девојка од Гостивар вчера изутрина излегла од дома за да оди во продавница и не се вратила, информира МВР.
Исчезнувањето на девојката во полиција го пријавил нејзиниот 49-годишен татко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.