28 годишно момче се обеси во притвор во Прилеп
Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред во понеделникот околу пладне се обеси притвореник, објави ексклузивно порталот Досие.
Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28-годишна возраст, кое било во притвор осомничено за разбојништво.
поред извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна, пишува порталот.