Кое е најдобро место за седење во авион?
Турбуленциите сигурно не се пријатни, посебно не на оние кои имаат страв од летање, или чувствителен стомак. Сепак, секој дел од авионот не се тресе подеднакво.
Каде е најдобро да седите за турбуленциите да ги почувствувате што е можно помалку?
„Во суштина, најмалку ќе ги почувствувате ако седите во средина на авионот“, објаснува професорот Андреас Строхмаер од Институтот за аеронаутика на Универзитетот во Штутгарт.
Покрај тоа, патниците сместени околу средината на авионот, најмалку ја чувствуваат и промената на правецот на леталото.
Спротивно на тоа, најнемирен дел од авионот е задниот.
„Кога пилотот управува со стабилизаторите или кормилото, патниците на задниот дел на авионот можат да почувствуваат како нешто да ги влече од седиштата, а при турбуленции како да ги турка. Местото во задниот дел во авионот не е идеално ниту при полетување“, вели Строхмаер.



