Растат тензиите во БЕСА – Касами со полиција влезе во скопскиот огранок, го обвинуваат за вандализам
Билал Касими, претседателот на БЕСА кој пред три дена од т.н. скопско крило на партијата беше разрешен, утрово со група прврзаници и полициска придружба влезе во седиштето на БЕСА во Скопје. Касими изминативе денови дејствуваше од Тетово бидејќи, како што велат неговите приврзаници, не му било дозволено од скопското крило кое го предводи пратеникот Неџбедин Каремани да дојде во канцелариите во мавровка. Поради тоа најавени се и кривични пријави.
„Откако два дена по ред се обидовме да влеземе во седиштето на партијата, истото ни беше оневозможено. Внатре во седиштето на партијата иамше непознати неовластени лица. Веднаш ги инфориравме компетентните институции за да дојдат на лице место и да извршат увид. Откако заврши увидот, за неколку дена ќе има и кривични пријави за узурпирањето на седиштето на Движењето Беса во Скопје“.
Од скопскотот крило пак тврдат дека Касими насилно влегов во канцелариите на Беса заедно до вооружени претставници и тоа кршејќи ја бравата на просториите.
„ Нам ни е жал што Биљал Касами во соработка со екстремисти од Чаир насилно ги крши не само канцелариите на Беса, туку најгрубо ги крши и вредностите кои Движењето БЕСА ги донесе на политичката сцена “, се вели во соопштението потпишано од Каремани.
Трговскиот центар Маврова денеска беше под засилено полициско обезбедување. Просториите на БЕСА ги чуваа неколку полицијаци и приватно обезбедување. Од МВР велат дека утринава во полициската станица Бит пазар било пријавено дека непознат сторител насилно влегол во просториите на партијата БЕСА во Мавровка. Излезено е на увид и сослушани се претставниците од БЕСА и од приватното обезбедување.
Расколот во БЕСА настаната по два паралелни состаноци во петокот. На првиот состанок во Скопје беше разрешен Касими како одговорен за поразот на локалните избори, а за в.д. беше поставен Каремани се до одржувањето на конгрес. Скопското крило тврди дека е носител на партијата бидејќи има мнозинство од 67 од 106те члена на Централниот совет на партијата. Зад него овсвен пратеникот Каремани, стојат и пратениците Африм Гаши и Реџеп Мемеди. Против Касими се изјасни и огранокот на БЕСА во Тетово.
Вториот состанок во Тетово го предводел самиот Касими. Таму е донесена одлука за Конгрес на 24 февруари. На овој состанок пак биле останатите двајца пратеници на БЕСА: Фадил Зендели и Теута Биљали. Со Касими вчера се изјаснија подмладокот на БЕСА во Тетово и партискиот форум на жените.