Скопје урива рекорди во загаденост
Во Скопје деновиве имаше висока загаденост, а слична беше состојбата и во останатите градови од Македонија. Синоќа во целата држава загаденоста со ПМ 10 честички беше над дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен.
Скопје е трет најзагаден град во светот.
Во Тетово беа измерени 294 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Битола 229, Кичево 257, Струмица 485, Куманово 251, Кавадарци 263, Кочани 121.
Во 10 часот денеска се измерени 215 микрограма на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 214 во Центар, 198 во Карпош, 196 кај Ректорат, 120 во Гази Баба, 90 во Миладиновци, 180 во Битола, 158 во Тетово, 187 во Струмица, 154 во Куманово, 94 во Кавадарци и 58 во Кочани.
Владата денеска активира мерки за аерозагадувањето во Скопје, откако во два последователни дена се измерени концентрации над 200 микрограми ПМ честички на метар кубен на најмалку две мерни станици, соопшти владината прес-служба.



