Жена загина во пожар во стан во Ѓорче Петров

Жена загина во пожар во стан во Ѓорче Петров

Жена загина при пожар во стан што се случин на улица Шидска во скопската општина Ѓорче Петров. Привичните информации за причината за смртта е дека таа настапила поради загушување.

Според информациите од Противпожарната бригада во Скопје, несреќата се случила попладнево околу 16.25 часот. Опожарени се 20 квадратни метри, а материјалната штета се проценува на 70.000 денари.

На терен интервенирале петмина пожарникари со две возила. Засега нема официјални информации за причините за настанување на пожарот.

Треба да знаете
Последни објави