Околу 200 членови на еден од најпознатите мафијашки кланови, уапсени се во заедничката акција на полицијата на Италија и Германија.
Во заедничката акција на полицијата на Италија и Германија уапсени се околу 200 членови на криминалната група Ндрангета, чие седиште се наоѓа во регионот Калабрија.
Фамилиите Фарао и Маринкола, кои ја предводат групата, работат и во Италија и во Германија. За време на акцијата одземен е имот вреден 50 милиони евра.
Меѓу уапсените има и официјални лица, кои се осомничени за корупција.