Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поскапе еден денар, додека бензинот Еуросупер БС-98 половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува, односно останува на 66,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 68,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48 денари за литар.
Малопродажната цена на дизелот Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за денар по литар на 59,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,764 денари на 29,367 денари за килограм.