Новинарите го запрашаа Гвардиола дали тој е заслужен за првиот гол кога Гундаоган одлично го проигра Агуеро, а Шпанецот најпрвин културно одговори, а потоа и упати необичен апел до Англискиот фудбалски сојуз.
„Не сум јас заслужен за тој гол, туку играчите. Тие играат, тие се талентирани, немам јас ништо со тоа. Мислам дека треба да ги укинеме овие прес-конференции и мислам дека така ќе биде подобро. Би било добро да престанеме да зборуваме и се да им препуштиме на фудбалерите“, изјави Пеп Гвардиола и додаде:
„Тоа што ние го правиме тука, не е ништо. Водиме празни разговори кои што треба да ги избегнуваме и мака ми е од тоа. Би сакал да го замолам Англискиот фудбалски сојуз да размисли за мојот предлог и да бидат укинати прес-конференциите. Фудбалот е на теренот, а не во прес центарот“, изјави Пеп Гвардиола.