Морничави пораки за првото бебе родено во Виена оваа година: Закани за депортација и смрт!

 

Асел е првото бебе родено во Виена во 2018-та година, но наместо честитки до родителите за долг и среќен живот на нивната ќерка, социјалните мрежи беа преплавени со негативни реакции, од повици за депортација, па се до смртни закани.

Асел Тамга беше првото бебе родено во австрискиот главен град во 12:47 часот по локално време на првиот ден од новата 2018-та година. Среќното семејство на социјалните мрежи објави фотографија со својата новородена ќерка, но наместо вообичаени пораки и честитки, тие се соочија со говор на омраза и заканувачки пораки.

Мајката Наиме позира со својата ќерка до розова шамија, па семејството за експресно време стана мета на исламофобични напади. Од многуте негативни коментари на социјалните мрежи посебно се истакнуваа коментарите од типот „Се надевам дека ќе умрете“, а исто така бројни беа коментарите „Депортирајте го тоа ѓубре“.

Шефот на невладината католичка организација Каритас, Клаус Швертнер порача: „Омразата на интернет достигнува сосема нова димензија со тоа што нејзина цел е невино новороденче“, а истовремено сите австриски медиуми кои што им честитаа на родителите се соочија со остри коментари од читателите.

Новиот конзервативен премиер на Австрија, Себастијан Курц неодамна најави намалување на детскиот додаток за мигрантите, а токму во неговата нова влада, дури шест министерски места има екстремно десничарската партија „ФПО“ чии што лидери веќе побараа сместување на мигрантите во касарни.

Треба да знаете
Последни објави