Собранието денес ќе избира уставни судии

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 27-та седница на која не дневен ред се изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците, а сѐ уште е неизвесно дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека барем меѓу пратениците нема одлука дали ќе учествуваат во работата на Собранието, а претседателот на партијата, Христијан Мицкоски за Алсат-М најави дека партијата утре ќе одржи координативен состанок на кој ќе одлучат како понатаму ќе делуваат.

Инаку, во текот на јануари закажани се продолженија на шест седници и две собраниски комисии, меѓу нив и за ратификацијата на Договорот со Бугарија, како и обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Денеска на дневен ред е и Законот за јазиците, за кој власта досега не сакаше да се гласа во отсуство на опозицијата. Пратениците од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се врати во Собранието, бидејќи тоа го очекуваат и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Собранието по приведувањето на шест опозициски пратеници за настаните од 27. април. Токму поради притворот, неизвесно е и како ќе функционираат десетте пратенички групи на кои се подели опозицијата.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави