Собранието ќе продолжи со работа, ќе избира уставни судии и ќе гласа за законот за јазиците

 

Собранието денеска ќе ја одржи првата седница во новата година.

На дневен ред е продолжението на 27-та пленарна седница на која на дневен ред се и изборот на уставни судии и предлог-законот за употреба на јазиците. Засега е неизвесно дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучат во работата на Собранието, на чиј дневен ред денеска се и измените и дополнувања на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи и неколку други закони и одлуки.

Исто така, закажано е и продолжението на 26. седница, каде на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка. На дневниот ред на 22. седница се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдува на одговорност за судија, двата по скратена постапка. Закажани се и продолженија на 11-та, 13-та и 15-та седница.

Треба да знаете
Последни објави