Утринава најзагадено во Скопје е во Лисиче каде концентрацијата на ПМ10 честички е 313 микрограми на метар кубен, покажуваат податоците на Министерството за животна средина.
Кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми.
По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, односно над 200μg/m3, вчера Владата ги активираше мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот.
Бесплатен градски превоз до намалување на загадувањето, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интезивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори, ограничување на обуките на автошколите, се само дел од вонредните мерки кои што Градот Скопје ги воведува со цел намалување на загадувањето во главниот град.