Екстремната загаденост на воздухот ги наполни болниците со пациенти

Екстремната загаденост на воздухот ги наполни болниците со пациенти

Алармантната загаденост на воздухот во Скопје за време на продолжениот празничен виденд го зголеми бројот на пациенти со респираторни проблеми. Загаденоста во комбинација со вирусите ја наполни детската болница во Козле. Таму деновиве биле хоспитализирани 85 деца со компликации. А секој ден во дежурните амбулантипрегледувале по стотина болни деца. Слична била состојбата и на Клниката за Детски болести.

-Честотата на поациентите е зголемена . Веќе во болницата во Козле се хоспитализирани 85 деца и 50-тина мајки. Ова е поради периодот на вируси, го очекуваме и грипот и секако поради последиците и симптомите од загадувањето. Најчестите патологии се пневмониите, бронхитите и секако ларинготот како честа веќе појава поради надразнителното дејство и од страна на ПМ 10 честичките за време на најголемиот период на загадување, изјави д-р Анѓелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.

Поради потешкотии со дишењето за време на празниците поради загаденоста на воздухот секоја вечер по десетина граѓани балале лекарска помош и на Клиниката за Токсикологија која сеуште функционира како Интернистички Ургентен центар. Дел од пациентите по прегледот биле пуштени дома, а потешките случаи ги препраќале на Пулмологија.

 

Треба да знаете
Последни објави