Од утре не важи бесплатното возење во градските автобуси
Поради тоа што два последнователни дена, според податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух), среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање, од утре престануваат да важат вонредните мерките против аерозагадувањето, соопшти Министерството за животна средина.
„Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 09.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни концентрации над 200 μg/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 μg/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре четврток 11.01.2018 година мерките престануваат да важат“, се наведува во соопштението.