Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки, на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што целокупната јавност ќе има увид во нив, соопшти Министерството за финансии.
Договорите ќе бидат достапни во рамките на самите известувања за склучена набавка. По спроведување на набавките, договорите ќе се објавуваат на следниот линк: e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Home.aspx#/home.