Актуелни и поранешни политичари на „Црната листа“ на САД
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, пратеникот Џеват Адеми, како и ексминистерот за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски се наоѓаат на Црната листа на САД, на лица и компании на кои им се забранува патување и врешење на финансиски активности во САД.
Лицата од оваа листа, според американските власти, претставуваат потенцијална опасност за националната и безбедноста и интересите на таа држава, а на предлог на Стејт департментот и министерствата за правда и финансии ја потпушува американскиот претседател.
Од Македонија на Црна листа може да се сретнат имиња на повеќе македонски актуелни и поранешни политичари, но и паравоени команданти и платеници од терористички организации.
Освен Тачи, Адеми и Бошковски на црната листа на САД се и Изир Самиу – Баци, Ѓафур Адили, Невзат Халили, Беџети Нури, Џавид Хасани, Џемаљ Хусени, Реџеп Даут и уште неколку други.
На листата има лица инволвирани на фронтовите во Сирија, кои се поврзуваат со дел од терористичките организации, а по потекло се од Македонија. Помеѓу нив се Јашари Абдул од Скопје, попознат како командат „Ираки“, Бернал Ѓаралеш, Кастриот Хаџиреџа и други.
На листата се наоѓаат повеќе политичари од Балканот, а како позвучни имиња може да се издвојат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и Војислав Шешељ.