Фатена на дело: Стјуардеса криела пола милион долари во багажот под козметиката и чевлите

 

Стјуардеса е уапсена под обвиненија дека шверцувала 500.000 американски долари

25-годишната Индијка Девши Кулшрештна е уапсена откако се обидела да шверцува речиси 500.000 американски долари надвор од државата. Инспекторите го претресле цел нејзин багаж, а под козметиката и чевлите се криел куп со банкноти од 100 долари. Објавено е и видео кое прикажува како инспекторите вадат банкноти од алуминиумска фолија која требало да ги излаже рендген детекторите. 

Благодарение на дојавата, индиските финансиски инспектори го запреле летот на Jet Airways од Делхи до Хонг Конг во понеделникот во два часот по полноќ. Кулшрешта е уапсена, а вчера се појавила на суд.

Финансиските инспектори изјавиле дека кај Кулшрешта пронашле 480.200 долари замотани во алуминиумска фолија. Стјуардесата наводно соработувала со Амит Малхотра, криминален бос од Њу Делхи, од и каде управува со шверцерска мрежа.

Малхотра би ги собрал парите од трговците на злато во Делхи, а потоа преку стјуардеси ги шверцувал во странство. Парите потоа биле враќани во Индија во форма на злато. Малхотра, кој ја запознал Кулшрешта пред шест месеци, исто така е уапсен. Финансиските инспектори се сомневаат дека уапсената стјуардеса не е единствената вработена во Jet Airways која соработувала со шверцерскиот ланец.

Треба да знаете
Последни објави