Интервју со градоначалникот на Општина Бутел

Со почетокот на градоначалничките мандати, 24 Инфо разговараше со градоначалникот на општина Бутел , Велимир Смилевски, за неговата визија за општината проектите и решенијата кој ќе ги понуди во својот мандат. 

 

 

 

Со кои активности го започнавте Вашиот четиригодишен мандат во општината?

Една од активностите со кој го започнав мојот градоначалнички мандат е генерално чистење на општината и чистење на депониите. Во акцијата изметени и измиени се главните сообраќајници и поголемите сервисни улици кои се во надлежност на општина Бутел. Исчистени се 300 м2 смет, 220  сливници, 78  шахти и издувување на канализациски линии во должина од 3.120 метри. Чистењето во континуитет продолжува надвор од акцијата “генерално чистење на сите општини”.

 

 

Кои се досегашни реализирани проекти предвидени во Вашата програма?

Отпочната е и  изградба на нова улица во Љуботенски пат, каде ќе биде поставен нов асфалт, тротоари и комплетно учично осветлување, улицата е со должина од 185 м , во вредност од 805.472 денари.  Исто така, во завршна фаза е тамонирањето и асфалтирањето на кракот на улица 3-3/1 во Визбегово која е со должина од 190 м и со вредност од 601.543 .Завршено е  поставувањето на  целосно нова линија на улично осветлување на улица бр. 31 на кракот со улицата Смилевска-Визбегово. Поставени се 21 метални столбови со бетонски фундаменти во висина од 4,5 м, со натриумови жолти штедливи светилки, проектот е со вредност од 750. 000 денари.Во процедура на отпочнување се и  многу други проекти и решенија кои се согласно програмата.

 

Која е ваша најголема желба, и како од сега ќе изгледа Бутел?

Мојата единствена желба е Бутел да стане достојно место за живеење за сите жители. Верувам и имам огромна инспирација дека ќе изградиме општина која нема да владее со граѓаните туку ќе биде во функција на истите.Поудобен и поекономичен живот за жителите ќе биде нашата примарна цел. Идејата е Бутел да го добие ликот на модерна и урбана општина, каде што жителите повеќе нема да се чувствуваат како издвоени од градот Скопје и од привилегиите што ги носи една метропола, а тоа е и добрата инфраструктура која ќе допре до секој дом во општината. Ќе се создавват услови за младите да можат да спортуваат и да се рекреираат, но посебен акцент ќе ставиме на образованието и градење на образовни институции.

 

 

Какви  чекори планирате да превземете за пораст на локалниот економки развој во општината?

 

Со обновување и изградба на локалните патишта, канализацијата, водовод, како и дополнителното електрично напојување во индустриската зона ВИЗБЕГОВО, значително ќе се подобри бизнис – климата и отварање на нови работни места.Ова подразбира и анализа на постоечкиот детален урбанистички план во оваа индустриска зона, така што новото планирање целосно ќе биде изготвено и ставено во функција на потребите и барањата на стопанствениците и жителите во оваа зона и во општината Бутел. Планираме вложувањето во решавање на инфраструктурните проблеми кое ќе биде направено во соработка со централната и локалната власт, а не како досега да биде препуштено на самофинансирање и оптоварување на буџетот на приватните фирми кои гравитираат во овој дел.Придобивките од овие услуги на локалната власт ќе бидат подобрување на бизнис-климата и отворање нови работни места за кои приоритет ќе имаат жителите на општина Бутел. Во план е изготовување на проект за  развој на руралниот и еко туризам на Скопска Црна Гора, и проект за развој на манастирскиот туризам на падините на Света Скопска Гора каде што гравитираат повеќе од десет манастирски комплекси и многу цркви.

 

Кој е најголемиот проблем на Бутелчани, и што ќе сторите за нивно решавање?

Застарената атмосферска канализација е актуелен проблем на Бутелчани. Овој проблем постојано ги мачи граѓаните на општина Бутел, особено во горната и долната зона од десната страна на река Серава, во село Радишани. Во 2018 година ќе се направи проект за целосна изградба и поврзување на атмосферска канализациона мрежа почнувајќи од населбата Радишани.Исто така, граѓаните на  делови од населбите Визбегово,  Радишани, Бел Камен селата Љубанци и Љуботен, немаат вода за пиење, со што тие се приморани да се снабдуваат со вода од бунари која технички е не  исправна и претставува опасност за нивното здравје. Во однос на овој проблем, се изготвува проект кој ќе ја поврзе водоводната мрежа од руралните делови со централната водоводна мрежа. 

 

 

Треба да знаете
Последни објави