Мирослав Вујиќ влезе во одборот на директори на Телеком
Познатиот адвокат Мирослав Вујиќ е нов член на одборот на директори на Македонски телеком АД Скопје. Со одлука на Собранието на друштвото разрешена е Анета Симеска Димеска од функцијата неизвршен член на Одборот на директори од 10 јануари.
На нејзино место е назначен Мирослав Вујиќ кој исто така ќе биде неизвршен член на Одборот на директори со мандат кој му започнал вчера, на 10 јануари 2018 година.
Со Собранието на друштвото претседавала Тања Чачарова-Илиевска која е новиот владин претставник во Македонски Телеком на местото на разрешениот Драги Рашковски кој останува генерален секретар на Владата на Република Македонија.
Мирослав Вујиќ како адвокат беше ангажиран во повеќе големи случаи кои го окупираа интересот на јавноста, а исто така има застапувано повеќе членови на СДСМ во различни судски спорови, меѓу кои и актуелниот премиер Зоран Заев.