Мунир Пепиќ: Ја облеков Шекеринска во докторски мантил за да ја евакуираат
Полицискиот службеник Мунир Пепиќ денеска во судот изјави дека за време на настаните во Собранието на 27 април ѝ облекол докторски мантил на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат.
Тој вели дека дента бил службено во Собранието на Република Македонија, следел „икс“ личност и се борел за безбедноста на земјата.
„Девет години ја пеев химната на Македонија. Не може да ме наречат терорист“, рече Пепиќ.
Неговиот адвокат, Еленко Миланов, рече дека Пепиќ е сомничен во случајот „Титаник“, одземен му е пасошот и се јавува редовно во судот, па нема како да избега.
Додаде дека Пепиќ има поддршка од Агенцијата за разузнавање каде што работи.