Ниту Исламската држава, ниту терористите: Еве кој е најголемиот непријател на Русите

 

Рускиот независен центар „Левада“ направи истражување во кое што на руските граѓани им беше поставено прашањето – кој е најголемиот непријател на Русија.

Околу 68 проценти од Русите кои што веруваат дека нивната држава има непријатели, сметаат дека Соединетите Американски Држави се главниот непријател на Руската Федерација, а во меѓувреме, односите помеѓу Вашингтон и Москва паднаа на најниско ниво од завршувањето на Студената војна.

Според истражувањето кое што било спроведено во периодот од 1-ви до 5-ти декември, 66% од анкетираните сметаат дека Русија има непријатели.

68% од нив сметаат дека Русија е загрозена и дека на Москва главен непријател ѝ е Вашингтон. Потоа следува Украина со 29% и Европската унија со 14%. Само 5% од анкетираните сметаат дека најголем непријател на Русија се исламистите, а 3% ги навеле терористите.

Во меѓувреме, јасно е дека во последните неколку години, односите помеѓу Вашингтон и Москва драстично се влошија, па воопшто не изненадува тоа што Русите имаат такво мислење за САД. Односите помеѓу двете земји паднаа на најниско ниво од завршувањето на Студената војна, а тоа се должи на украинската криза и граѓанската војна во Сирија каде што се судрија интересите на двете земји.

Токму поради украинската криза која што резултираше со руското припојување на украински Крим во 2014-та година и војната која што изби на истокот на Украина поради про-руските сепаратисти, Американците во повеќе наврати воведоа санкции против Русија, а сето тоа кулминираше и со меѓусебното депортирање на дипломати.

Секако, не треба да се заборави и отворањето на истрагата во САД за наводното руско мешање во американските претседателски избори кон крајот на 2016-та година. Американците се сомневаат дека Русија стои зад кампањата на Трамп, односно Русите му помогнале на Трамп да победи на изборите.

Треба да знаете
Последни објави