СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше СДСМ  на соопштението на опозициската партија дека „Законот за двојазичност е неуставен и власта треба да сноси одговорност за оваа манипулација со граѓаните“.

„Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години. Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија. Кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат“, се наведува во соопштението.

СДСМ нагласува дека останува фактот дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните. 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави