Земјотрес во дојранскиот регион
Земјотрес со јачина од 2,7 степени попладнево бил почувствуван во регионот на Дојран.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри и 23 километри јужно од Стар Дојран во Република Грција.
Дојранскиот регион периодов беше зафатен од низа помали земјотреси, а најсилниот беше на 2 јануари со јачина од 5 степени.