Уапсен еден од маскираните на 27 април кој се бараше со меѓународна потерница

Уапсен еден од маскираните на 27 април кој се бараше со меѓународна потерница

Еден од петмината осомничени за 27 април кои се бараат со меѓународна потерница е уапсен, дознаваме од извори во истрагата. Станува збор за Младен Додевски, а апсењето било спроведено синоќа.

Од МВР засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација, но од Јавното обвинителство веќе ја потврдија информацијата.

На Додевски и на останатите осомничени кои се бараат со потерници им е определен притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Додевски, според сомненијата е едно од оние лица кои маскирани и со фантомки влегоа во Собранието на „крвавиот четврток“.

Покрај него, со меѓународна потерница се бараат и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

Треба да знаете
Последни објави