На социјалните мрежи се појави фотографија на која полицаец држи постара жена под рака за да ја помине улицата и ѝ ги носи ќесите.
Фотографијата е направена од случаен минувач кој ја затекнал оваа глетка во центарот на Скопје, на раскрницата кај Градска болница.
Полицаецот доби многу пофалби за ваквиот гест откако фотографијата се прошири на социјалните мрежи.