Хрватска од денес до 28 јануари ќе биде домаќин на 13.Европско првенство во ракомет. На континеталното првенство учествуваат 16 репрезентации, меѓу нив е и Македонија, а титулата ја брани Германија. Натпреварите во фазата по групи ќе се играат во четири град: Загреб, Вараждин, Пореч и Сплит.
Ова европско првенство е последно на кое ќе учестуваат 16 селекции, од наредното во 2020 бројката на учесници ќе биде зголемена за уште осум национални тимови.
Европското во Хрватска ќе биде петто на кое ќе учествува и Македонија, која од 2012 година не пропуштила да игра во завршницата. Дебито на континеталните шампионати Македонија го имаше во 1998 година во Италија (12 место), 14 години подоцна во Србија е остварен најдобриот резултат, петто место, а потоа во 2014 во Данска беше освоено 10.место, а пред две години во Полска, Македонија заврши на 11.позиција.
Македонија на првенството е сместена во Ц-групата, натпреварите ќе се играат во Загреб. Противници на Македонија ќе и бидат балканските репрезентации Словенија и Црна Гора и бранителот на трофејот Германија.
Првиот меч македонските ракометари ќе го одиграат в сабота од 19:30 против Словенија, а потоа следуваат дуелите со Црна Гора (15 јануари, 20:30 часот) и Германија (17 јануари, 18:15 часот).
Пласман во наредната фаза ќе изборат по три најдобри репрезентации од секоја група. Во наредната фаза ќе бидат формирани две нови групи, односно ќе вкрста репрезентациите од А и Б, односно Ц и Д групите.
На отворањето на шампионатот ќе се играат натпревари во А-групата (Сплит) и Б-групата (Пореч). Град домаќин на оваа група е Сплит.
Првиот ден нуди четири натпревари, но сепак во центарот на вниманието ќе биде А-групата односно пресметката на скандинавските ривали Шведска и Исланд (18:15 часот), а потоа и на балканските сопреници Хрватска и Србија (20:30), во овој термин во Пореч се игра дербито во Б-групата Норвешка-Франција. Првиот меч во Б-групата ќе го одиграат Белорусија и Австрија.
Еуро 2018 Хрватска:
А-група (Сплит): Хрватска, Шведска, Исланд, Србија
Б-група (Пореч): Франција, Норвешка, Австрија, Белорусија
Ц-група (Загреб): Германија, Македонија, Словенија, Црна Гора
Д-група (Вараждин): Данска, Шпанија, Унгарија, Чешка