СДСМ предлага да се намалат патните трошоци за пратениците
Пратеничката група на СДСМ денеска доставила иницијатива и предлози за законски измени кои ќе ако се донесат треба да ги намалат надоместоците за патни трошоци на пратениците за најмалку една третина.
– Исто така, со законските измени предлагаат и начин како би се стопирана злоупотребата. Во таа насока од СДСМ предлага патарини да се плаќаат само со личните кредитни картички и како доказ покрај фискалната сметка да се достави и потврдата дека е платено со картичката. Времето на таа и на фискалната сметка ќе се поклопува и нема да може да се прават злоупотреби, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Измените кои ги предлагаат се за два закони, Законот за плата и надоместоци на пратениците и други именувани лица и Законот за пратеници.
Тие предлагаат предвидениот процент за надоместоци од 30 отсто да се замени со 20 отсто од цената на литар гориво за еден километар.
По овие измени, владејачкото мнозинство предлага потоа да се смени и предлог одлуката во Собранието со која патните трошоци ќе ги одредат на 15 отсто.