Тело на маж извадено од водите на Вардар
Во близина на мостот кај село Уланци, Велешко, на место викано Горна Лака вчера околу 14.20 часот во водите на Вардар било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 4 декември 2017 година.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.