ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нови членови на Извршниот комитет

ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нови членови на Извршниот комитет

ВМРО-ДПМНЕ вечер се очекува да одржи седница на Централниот комитет на партијата, на која треба да се избираат нови членови на Извршниот комитет.

Извршниот комитет е политичко-извршен орган на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, чиј број се утврдува со одлука за негов избор. Со работата на Извршниот комитет координираат претседателот и потпретседателите на партијата. Нема информација за тоа колкумина од засега се уште актуелните триесетина членови на ИК, ќе останат во неговиот состав.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува МИА, на седницата се очекува да се дискутира и за актуелната политичка состојба

Интересот на јавноста е насочен кон овој настан, бидејќи кадровскиот избор ќе биде првиот сигнал за политиката на новиот претседател. 

„Од старите членови на ИК, таму сигурно ќе останат Александар Николоски и Влатко Ѓорчев. Можно е во ИК да влезе поранешниот министер за финансии, Трајко Славевски, а се шпекулира дека член ќе биде и Игор Јанушев, претходниот директор на ЈСП ‘Скопје’, па дури и дека е можно да биде Генерален секретар на партијата. Ние, од ‘пониските ешалони’ не сме прашани за ништо, информациите ги добиваме од оние кои биле повикани на разговор“, велат извори од партијата.

 

Треба да знаете
Последни објави