Доколку Иванов не го потпише указот, Законот за јазици повторно пред Собранието

Доколку Иванов не го потпише указот, Законот за јазици повторно пред Собранието

Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во државата и кој беше донесен од Собранието, според Уставот и парламентарниот Деловник треба да биде потпишан од првиот парламентарец Талат Џафери и претседателот Ѓорге Иванов.

Неизвесно е како ќе постапи Иванов и дали ќе го потпише указот за овој закон, што од Собранието му бил испратен уште вчера, веднаш по донесувањето.

Иванов, како што посочуваат од неговиот Кабинет, има рок од седум дена да го потпише указот на законот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави