Во Маврово четири сантиметри снег, времето претежно облачно со слаб дожд

Во Маврово четири сантиметри снег, времето претежно облачно со слаб дожд

Висината на снежната покривка утрово во осум часот во Маврово изнесува четири сантиметри, во Крушево два и во Лазарополе еден сантиметар.

Најстудено утрово е во Маврово каде се измерени -2 степени, додека во Крушево и Лазарполе нула. Во Скопје, Охрид, Битола, Тетово, Виница се измерени четири степени, додека во Гевгелија и Дојран шест степени.

До осум часот најмногу дожд од околу пет литри на метар квадратен наврна во Пожаране.

Денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, кои повеќе беа застапени во југоисточниот и југозападниот дел од земјава, на планините во северозападниот дел има врнежи од снег.

Претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10 степени.

Во Скопје, претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.

 

Треба да знаете
Последни објави