Ми кажа дека моето бебе е многу убаво, а потоа доживеав пекол- болна исповед на мајка која останалa без своето дете
Вилијамс (52) од Вашингтон веќе 35 години не знае што се случило со нејзината ќерка, која е грабната кога имала само три месеци.
Во потресната исповед Еленор за американските медиуми ја раскажува драмата која ја доживеала кога имала 18 години. Еленор кобниот декември 1983 година тргнала од Вирџинија во Канзас со својата тримесечна ќеркичка Ејприл без да насети дека животот целосно ќе и се смени. Еленор со бебето влегла во автобус со кој стигнала до Вашингтон, од каде требало да фати друг автобус за Канзас.
Додека на станицата во Вашингтон чекала да пристигне другиот автобус, на Еленор и пристапила млада жена, со многу пријатен изглед и расположена за зборување.
Веднаш го загледала бебето и со „искрена насмевка“ рекла дека малечката Ејприл е преслатка и продолжила да дели комплименти.
Во еден момент ја замолила Еленор да и го даде бебето малку да го подржи, што неискусната мајка и го направила без да се двоуми. Младата жена седнала покрај Еленор и го лулкала бебето, а потоа и рекла дека нешто и смрди и дека најверојатно треба да му ја смени пелената на бебето.
Кога Еленор ги пружила рацете кон детето, девојката се понудила таа да и смени пелени зошто ја гледа Еленор исцрпена. Младата мајка не стигнала ниту да се заврти и да извлече пелена, кога девојката веќе исчезнала со детето во прегратка.
-Сега 35 години подоцна се уште се прашувам секој ден како сум можела да бидам толку глупава и како си го дозволив ова, вели несреќната Еленор, која секое утро прво помислува на својата Ејприл.
Еленор потоа добила уште деца, но болката за првото девојче не и престанала.
-Неколку пати сакав да се убијам, но не го направив тоа поради децата, вели Вилијамс за Вашингтон пост.
Полицијата долго трагала по бебебто, но на киднаперката никогаш не и влегле во трага. Се што имале бил фото робот. Еленор дури немала ниту фотографија од своето бебе, туку само им напишала на полицајците како изгледа.
Сепак, толку години подоцна, Еленор не губи надеж дека сепак ќе си ја пронајде својата ќерка.
-Иако ова злосторство се случи пред повеќе децении, одлучивме повторно да покренеме истрага и овој пат повторно да го пуштиме во оптек фото-роботот, можеби ќе се појави некаква трага, велат во полицијата во Вашингон.