Излегле од автомобилот и крвнички го претепале – момче од Тетово заврши во болница

Излегле од автомобилот и крвнички го претепале – момче од Тетово заврши во болница

Синоќа во 01.20 часот во СВР Тетово, од вработен во Клиничката болница Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен Б.Б. (23) од с.Голема Речица, тетовско, со повреди на главата и телото.

Тој изјавил дека околу 22.20 часот на ул. „Илинденска“ се сретнал со лицето Ј.  од Тетово, кој бил со уште едно непознато лице со патничко возило „БМВ“ со непознати регистарски ознаки.  Во еден момент, Ј. со железен предмет му задал неколку удари во телото и главата. Откако Б.Б. паднал, двете лица продолжиле да го удираат со клоци по телото.

По кратко време, со возилото побегнале во непознат правец. На Б.Б. му била укажана лекарска помош и бил задржан за понатамошно лекување.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави