Пазарџиите ќе добиваат лиценци од комората на трговци
На пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влез на државата во ЕУ, а регистрацијата на фирма нема да биде преку централен регистар туку со лиценци кои ќе ги издава комората на трговци.
Ова се предвидува со новиот закон за трговија на зелените пазари, кој беше донесен на 11 овој месец.
Претседателот на комората на трговци Екрем Долек рече дека ќе ги издаваат и ќе ги поделат лиценците по пазарите бидејќи од здружение на пазарџии се регистрирале во комора.