Полнете резервоари – Не чека големо поскапување на горивата

Полнете резервоари – Не чека големо поскапување на горивата

Цената на нафтата на светските берзи минатата недела се зголемија за повеќе од три проценти, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години, благодарение на намалената нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 3,3 отсто на 69,87 долари, додека во Њујорк енергенсот поскапе за 4,7 отсто на 64,30 долари.

Ова се највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, а за нивниот раст придонесуваат проценките дека понудата и побарувачката наскоро може да се изедначат.

Доколку продолжи таквиот тренд речиси извесно е дека идниот понеделник ќе имаме значително зголемување на цените. Петочната цена е за околу 3,5 долари повисока од онаа врз основа на која Регулаторот минатата недела ја одреди максималната малопродажна цена. 

Таквиот развој на настаните речи си извесно е дека ќе го врати дизелот над границата од 60 денари прв пат по повеќе од 15 месеци. 

Пред само 6 месеци, литар дизел чинел 46,5 денари или за 13 денари помалку од денешната цена.

Во моментов литар дизел чини 59,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 95 66,5 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 68,5 денари

 

Треба да знаете
Последни објави