Со јунаци кои “гинат“ на терен, со предводник како неуморниот капитен Кире Лазаров оваа наша Македонија има за што да се радува и да биде горда

Ниту еден политичар овие денови го нема приматот на главна фаца и лик кој е најмногу озборуван и за среќа по подолго време тие не се главна тема кај македонската јавност.

Конечно, македонски народ сплотен во еден глас извикува Македонија, срцата подеднакво треперат кај секој еден од нас, ракометните јунаци го сплотуваат овој разединет народ, барем и накратко да заборавиме на разликите и политичките поделености.

Срцата ни се полни, со треперење ја следиме секоја секунда од борбата на терен на нашите јунаци, и нас не болат ударите кои ги добива нашиот викинг Столе, но неговата и борбата на сите момчиња распленуваат треперење во нашите срца и ја креваат до максимум радоста на овој народ, кој за жал се поретко се радува на македонштината. Со јунаци кои “гинат“ на терен, со предводник како неуморниот капитен Кире Лазаров оваа наша Македонија има за што да се радува и да биде горда.

Медиумите од регионот не престануваат да известуваат за црвено жолтата армија на терен и во публика, за надвикувањето на побројната словенска публика, на играњето машки ракомет против грубите словенци, се посилните удари од словенските ракометари и чудните одлуки на судиите. Иако, на момент потценет нашиот квалитет, со гордо крената глава и срамежлива насмевка од ракометниот магионичар Раул Гонзалес останавме цврсто на земја и ниту еднаш нашиот селектор не посвети внимание да ја коментира грубата игра на противниците, ниту одлуките на судиите. Неговите мисли се веднаш насочени кон новиот предизвик Црна Гора. Вистински професионалец!

Момци-јунаци, сакаме игра со срце и денеска против Црна Гора, не ја потценувајте, играјте како што само вие знаете – со срце, сакаме како и секогаш така и денес да го браните грбот кој го носите на вашите плеќи и да не се лажеме, сакаме победа, која исто така ќе ја посакаме и против Германија, со срце против секого се може.

Напред Македонија!!!

 

Треба да знаете
Последни објави