Ајде вака, да расчистиме некои работи !
1. Благодарност за десетината покани последниве 24 часа да прејдам во ДПМНЕ, меѓутоа одма да кажам дека во криминална партија лакома само за пари и позиции, партија што ја разори Македонија до овој степен никогаш нема да стапнам ! Далеку сте од историското ВМРО кое за мене значи љубов кон татковината, посветеност и жртва !
2. Господа од курир, ако веќе објавувате мои мислења, слики и статуси, споделете го и ова: вие сте обична платеничка стока и имате директна одговорност за уништувањето на Македонија и поделеноста меѓу Македонскиот народ !
3. Драга Јорданке – Јоци, или собери храброст да ме деблокираш на фб па да добиеш уште еден новинарски нокаут или најди си нешто поинтересно од манијачење на мојот профил ! Знам дека во твојот свет на уцени, квази новинарство, немање кичма и достоинство и лажење секоја искрена изјава, без задни намери е нереална и те нервира ! Од мене пари нема да наплатиш, најди си друга жртва ! Служиш за потсмев, не си новинар, меморирај си го тоа !