Го нападнал возачот и му го зел автомобилот

Го нападнал возачот и му го зел автомобилот

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Џ.М. (27) од село Горно Палчиште, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело разбојништво.

На 10 декември 2017 година околу 16.45 часот додека Ф.М. и Б.М. се движеле со патничко возило на локален пат над село Горно Палчиште, пријавениот гипресретнал и ги сопрел, по што физички го нападнал Б.М. удирајќи го со тупаница во пределот на лицето.

Пријавениот го одзел возилото и се упатил во непознат правец.

По преземени мерки и активности, Џ.М. бил лишен од слобода додека возилото му е вратено на Б.М., соопшти полицијата.

 

Треба да знаете
Последни објави