За претседател на Управниот одбор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, вчера на седница беше избран Шофкет Хазари.
На првата седница на Управниот одбор беше отворена дискусија за годишната програма на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам за 2018 година. Програмата беше целосно разгледана од страна на сите членови и за истата беше спроведено гласање на кое се констатираше дека Агенцијата има одобрение да постапува по истата. Управниот одбор ќе продолжи да зазема ставови по прашања од значење за спроведување на утврдени политики и принципи за развој и работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам и ќе продолжи да учествуваат во комисиите и советодавните тела на Управниот одбор во кои не се членови и ќе изнесуваат мислења и предлози за прашања за кои се расправа на седниците.
На седницата се дискутираше и за проблемите со кои се соочува Агенцијата, за препреките за кои треба генерално заедно да изнајдеме решение, како и за предизвиците и трендовите во туризмот.