Втор ден припадници на Единицата за специјални задачи при МВР ќе пробуваат да го извадат човечкиот труп, заглавен меѓу карпи во водите на реката Вардар, во близина на Сопот.
Телото било забележано вчера, а по пријавувањето на случајот во Секторот за внатрешни работи Велес екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место.
Поради временските услови и непристапниот терен, специјалците не успеале да го извадат телото од водите на реката.
Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата.