Голема борба во Загреб, Македонија – Германија (25 – 25)
Македонија и Германија одиграа нерешено, 25:25 во последното коло од првата фаза од Европското првенство во ракомет кое што се игра во Хрватска.
Македонските ракометари добро го започнаа натпреварот, играјќи со тактика во напад 7 наспрема 6, што се покажа успешно, а нашите ракометари успеаја да постигнат резултатска предност во првите 15 минути од натпреварот.
По првичниот налет на Македонија, следуваше период во кој што Германците се вратија во игра, имаа три поени предност, а на полувремето репрезентациите заминаа со резултат 12:11 во корист за Германија.
Второто полувреме беше многу поизедначено и се играше цврста игра, гол за гол.
Македонија имаше напад за победа, но на десетина секунди пред крајот Стојанче Стоилов не погоди од линијата од шест метри.
Најефикасни во македонската репрезентација беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по 5 постигнати погодици.
Во следната фаза која што се игра во Вараждин, Македонија оди како првопласирана и пренесува три поени.