Ахмети: Охридскиот договор е во духот на Скендербег

Ахмети: Охридскиот договор е во духот на Скендербег

Министри, пратеници и функционери од ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска положија цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег по повод 550-годишнината од неговата смрт. Пред положување на цвеќето беше интонирана албанската химна.

Лидерот на ДУИ Ахмети изјави дека Скендербег е национален херој на Албанците, но, како што рече и на сите народи кои го сакаат мирот на Балканот.

– Скендербег е најсимболичната фигура на Албанците и на другите народи на Балканот и инспирација за сите потиснати народи. Тој останува централна личност за сите народи на Балканот кои го сакаат мирот. Денеска достоинствено можам да кажам дека и Охридскиот договор е во духот на Скендербег – рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање зашто нема претставници од другите партии на Албанците, но и на Македонците, Ахмети истакна имало јавна покана за сите.

Претходно, свечена академија посветена на 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег се одржа во Собранието на Република Македонија (сала Голема купола), на која се обратија претседателот на Собранието Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓеорѓиев и проф. Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на годишнината.

 

Треба да знаете
Последни објави