Опозицијата не смее да биде исклучена од процесот на донесување на клучните одлуки за иднината на земјата особено во однос на решението на спорот со името, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Алсат.
-За да имаме прифатливо решение, сигурно дека треба да се согласи и опозицијата. Tреба да има политичка и национална согласност на заедниците, особено меѓу двете најголеми заедници, Македонците и Албанците. Има неколку моменти каде треба добро да се менаџираат и за да се внесе во овој процес и опозицијата, сигурно дека потребни се контакти, средби и со нив, средби и со другите државни институции, во оваа насока не може да се исклучи ниту господин Иванов, рече Ахмети.