Крсто Мукоски останува во притвор
Апелацискиот суд по одржување на седница зад затворени врати донесе одлука да го потврди притворот за пратеникот Крсто Мукоски. Неговата жалба е одбиена како неоснована.
Апелација ги чека одговорите од Вишото јавно обвинителство во однос на жалбите на пратенците Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски на кои им беше продолжен куќниот притвор.