Маж со нож и сукало им се заканувал на вработените во бензинска пумпа
Вработен во Агенцијата за обезбедување пријавил дека синоќа вработените во бензинска пумпа во Скопје биле вознемирувани од машко лице, кое во рацете држело нож и сукало и кон нив упатувало пцости, закани и навреди.
Полицијата утврдила дека се работи за 28-годишен маж од Скопје, кој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода. Се работи на расчистување на случајот.