
Саудискиот милијардер, принцот Алвалид бин Талал бин Абдулазиз, наводно бил префрлен од хотелот “Риц Карлтон” во Ријад на некоја непозната локација.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, принцот одбил да плати 6 милијарди долари во рамките на договорот за моменталната борба против корупцијата во таа земја.

Принцот бил меѓу 60-те уапсени во таа голема акција.

Авлалид бил внук на саудискиот крал Салман и тежок е повеќе од 17 милијарди долари. Рангиран е како 64. најбогат човек на светот, а го нарекувале и арапскиот Ворен Бафет.

Милијардерот кој поседува и акции во Твитер, Лифт и Ситигруп, бил уапсен во ноември заедно со голем број принцови, бизнисмени и службеници кои се обвинети за корупција.

Го преместиле на друга “затворска локација со најголеми мерки за безбедност”, бидејќи одбил да плати одредена сума.

Многу од уапсените во меѓувреме ја платиле сумата која ја договориле со властите и биле пуштени од хотелот каде биле држени во притвор.



