Викторија Бекам во секси издание за шпански Vogue

Викторија Бекам во секси издание за шпански Vogue

Од новата насловна страна на шпанското издание на престижното модно списание Vogue се смешка бившата пејачка, а денес успешна дизајнерка.

Погодувате, станува збор за 43-годишната Викторија Бекам, која овие денови слави 10 години од постоењето на нејзиниот успешен моден бренд.

17.1.victoria-beckham.jpg

Сопругата на некогашниот фудбалер и планетарно славен фраер Дејвид Бекам, меѓу другото, овој јубилеј одлучи да го прослави и на насловна страна од шпански Vogue, на која на прв поглед изгледа како да е гола бидејќи носи боди со боја на кожа.

victoria-beckham-instagram.jpg

На една од фотографиите, успешната Британка носи заводлив, црвен фустан кој чини 2.250 фунти, но најмногу внимание привлече со чевлите од нејзината колекција со циркони, во стилот на славната Пепелашка, кои често ги носи и во приватно време.

Меѓутоа, облеката и модните парчиња останаа во сенка на нејзиниото слабо тело, кое повторно се најде на удар на критиките од јавноста. Сепак, Викторија како да не ја допираат овие критики, бидејќи истите не се ниту први, а уште поверојатно ни последни упатени на нејзина сметка.

 

Треба да знаете
Последни објави